Долго време се криеше од јавноста, ова е причината: Скарлет Јохансон е бремена

Сподели со своите пријатели

Фактот дека Скарлет Јохансон (36) е бремена започна да се шпекулира откако прескокна неколку промоции на филмот Црна вдовица (Black Widow) .

Loading...

– Таа не била на многу интервјуа и забави, што е многу чудно бидејќи покрај тоа што глуми во филмот, таа е и извршен продуцент – изјави еден извор.

 

 

Наместо тоа, таа се јавила преку Зум, а на „Вечерното шоу“ на Џими Фелон, целото нејзино торзо не се гледаше во кадарот, туку беше снимено само од рамената нагоре.

– Таа и Колин се пресреќни – рекол изворот, а друг потврдил и додал: – Ќе се породи наскоро, но навистина се обидува тоа да го чува во тајност.

Извор од Хемптонс, каде актерката обично летува, изјави дека е особено таинствена оваа година.

Loading...

 

 

– Обично во текот на летото можеме да ја видиме како шета кучиња и пие кафе, но оваа година се чини дека се крие – рече тој.

Да потсетиме, актерката од првиот брак има ќерка Роуз (6). Таа се омажи за Колин Џоста (39) во тајност во 2020 година, на интимна церемонија со своето семејство и најблиските пријатели, по тригодишна врска.

 

Leave a Reply