Во Русија, во последните 24 часа биле регистрирани рекордни 737 смртни случаи како резултат на коронавирусот, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 139.316 лица.
Русија потврди нови 23.378 случаи на коронавирус, од кои 5.498 се пријавени во Москва.
Од почетокот на пандемијата во Русија, 5.658.672 лица биле заразени со коронавирусот, објави Ројтерс.
Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко рече дека до 850.000 луѓе се вакцинираат секој ден во Русија против вирусот и нагласи дека е клучно да се изгради имунитет, според ТАС С.

