Бразил регистрираше 62.504 нови случаи на коронавирус и 1.780 смртни случаи во последните 24 часа, објави Министерството за здравство на таа земја.
Така, вкупниот број на заразени во Бразил достигна близу 19 милиони и 526.892 смртни случаи, пренесува Ројтерс.
Според објавените податоци на веб-страницата „Worldometers“, од почетокот на пандемијата од светот од Ковид19 починале 4.001.769 лица, а потврдени се 184.971.166 случаи на инфекција.

