ЛИБАН ПРЕД КОЛАПС: Кризата во оваа земја една од најлошите депресии во модерната историја

Сподели со своите пријатели

Главниот град на Либан, Бејрут, беше погоден од катастрофална експлозија пред нешто помалку од една година, а сега економската криза и се заканува на целата земја како темпирана бомба.

Светската банка ја нарече кризата во Либан една од најлошите депресии во модерната историја.

Националната валута изгуби над 90 проценти од својата вредност, а повеќе од половина од населението е втурнато во сиромаштија.

Скоро 80 ​​проценти од граѓаните немаат доволно храна или пари за да ја обезбедат, предупредуваат од Обединетите нации.

Светска банка ги рангираше настаните во Либан меѓу трите најголеми економски кризи од средината на 19 век.

 

 

Една третина од децата немаат редовни оброци, здравствениот систем се распаѓа, а цените на основните намирници се зголемија за неверојатни 670 проценти во последните две години.

Незадоволството од недостаток на гориво предизвика конфликти на бензинските пумпи.

Тешката состојба е и на границата со Сирија, каде 99 проценти од граѓаните немаат основни потреби. Во исто време, околу 250 милиони долари странска помош се стопи во шпекулации од страна на банките што продаваат локална валута со сомнителни стапки.

„Денови го делат Либан од социјалната експлозија“, рече премиерот на преодната либанска влада Хасан Диаб на состанокот со амбасадорите и претставниците на дипломатските мисии во Бејрут, апелирајќи до меѓународната заедница да ја спаси земјата од длабока економска криза.

Дијаб е на функција в.д. премиер откако поднесе оставка од функцијата премиер, неколку дена по катастрофалната експлозија во Бејрут на 4 август минатата година.

 

 

Оттогаш, политичарите во Либан не можат да се договорат за нова влада. И Диаб вели дека само новата влада може да ги започне разговорите со Меѓународниот монетарен фонд за планот за закрепнување на земјата.

ПОВЕЌЕ ОД МИЛИОН БЕГАЛЦИ

Во Либан во моментов има околу 270.000 Палестинци и близу еден милион бегалци од Сирија.

Падот на локалната валута најмногу ги погоди мигрантите, кои секој месец добиваа помош од околу 27 долари, но инфлацијата го намали тој износ на само 7 американски долари месечно.

Leave a Reply