Ќе ги укинеме ограничувањата кога на сите ќе им биде достапна вакцина, вели германскиот министер Мас

Сподели со своите пријатели

Германија треба да ги укине сите преостанати ограничувања поврзани со коронавирусот веднаш штом вакцината ќе им биде понудена на сите, рече министерот за надворешни работи, Хајко Мас, додавајќи дека оваа точка треба да се постигне следниот месец.

Според податоците на здравствените власти, околу 56,5 проценти од граѓаните во Германија примиле барем една доза, а скоро 39 проценти биле целосно вакцинирани, објави Ројтерс.

„Штом сите во Германија добијат понуда за вакцина, веќе нема никакво правно или политичко оправдување за какво било ограничување“, рече Мас.

Тој очекува тоа да се случи во текот на август.

Канцеларката Ангела Меркел претходно изјави дека сака вакцината да биде достапна за сите во Германија до 21 септември.

Инаку, официјалните лица на германските покраини денес се согласија дека фудбалските стадиони можат да примат максимум 25.000 гледачи кога на 13 август започнува фудбалскиот шампионат во Бундеслигата.

Во јануари, Мас прв повика на ублажување на ограничувањата за вакцинираните лица и предложи да им биде дозволено да ги посетуваат киносалите или рестораните.

Leave a Reply