Затворски казни биле изречени на педофилски ланец мажи во германскиот град Минстер, кои беа обвинети за неколку случаи на силување и поседување детска порнографија.
Првообвинетиот Адријан В. е осуден на 14 години затвор, а поради тежината на делото можно е да остане во затвор и по изрекувањето на казната.
Докажано е дека 28-годишниот ИТ техничар имал најмалку 29 случаи на силување и најтешка сексуална злоупотреба на деца во градинарска колиба на северот од Минстер.
Тој претходно беше обвинет за поседување детска порнографија, пренесува Индекс.хр.
Три мажи од цела Германија исто така беа осудени на десет до дванаесет години затвор. На три години затвор е осудена и 46-годишната мајка на првообвинетиот.

„Никогаш порано не го доживеавме ова“
Во центарот на процесот беше серија филмови направени во текот на неколку дена, во кои биле снимени бројни силувања на две момчиња кои биле делумно замемни од наркотици.
Една од жртвите е 11-годишниот посвоен син на првообвинетиот.
Претседателот на судскиот совет, Матијас Филер, ги оправда високите казни со бруталноста на злосторството и рече дека општеството мора трајно да се заштити од сторителите.
– Она што го слушнавме за време на судењето ги надминува границите на сето она што овој суд го искусил – рече претседателот на судскиот совет.
Ова е еден од трите најголеми случаи на педофилија во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, кои беа откриени последните години во градовите Минстер, Бергиш Гладбах и Лигде.
Идентификувани се вкупно 50 осомничени, од кои 30 чекаат судење во истражен затвор.

