Првата група од 11 деца беше вакцинирана против коронавирусот во Русија.
Ова во интервју за ТВ каналот Русија-24 го потврди д-р Исмаил Османов, раководител на одделот за педијатрија во Московскиот секретаријат за здравство и раководител на Детската клиника Башљаев.
– Денес вакциниравме единаесет деца и ќе продолжиме, со друга група. Ќе вакцинираат вкупно педесет (деца) во Детската клиника Башљаев – објави ТАСС.

