Западот загрижен поради најавите на Иран за нуклеарната програма

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави, Франција, Германија и Велика Британија изразија загриженост во врска со намерата на Иран дополнително да се ослободи од своите нуклеарни обврски.

САД ја повикаа земјата да престане со „провокациите“.

„Загрижувачки е што Иран избра да ги ескалира своите експерименти во областа на истражување на нуклеарно оружје“, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

Тој посочи дека САД повторно го повикуваат Иран да престане со овие „провокации“.

 

 

Иран објави дека презел конкретни чекори за производство на метал ураниум збогатен до 20 процентна чистота како гориво за реакторите, објави Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Велика Британија во заедничкото соопштение велат дека се „многу загрижени за последниот извештај на МААЕ што потврдува дека Иран ги започнал потребните чекори во производството на збогатен метал на ураниум“

Ова е сериозно кршење на обврските на Техеран според Меѓународниот нуклеарен договор (JCPOA), рекоа тие.

Кон крајот на минатиот месец, претседателот на иранскиот парламент Мохамед Бејкер Калибаф изјави дека Техеран никогаш нема да и предаде на Интернационалната агенција за атомска енергија слики од внатрешноста на некои од иранските нуклеарни локации, бидејќи истече договорот за следење на програмата на Иран со таа агенција.

 

 

Пред три години, тогашниот американски претседател Доналд Трамп ги повлече САД од договорот и повторно воведе санкции за Техеран.

Иран реагираше кршејќи голем број одредби од договорот.

МААЕ и Техеран во февруари постигнаа тримесечен договор за следење на нуклеарните активности за да го ублажат влијанието на санкциите, а Иран дозволи следење на одредени активности.

Leave a Reply