Властите во австралиската држава Нов Јужен Велс ја продолжија наредбата жителите на Сиднеј да останат дома и во следните седум дена поради ширењето на делта сојот на коронавирусот.
Сиднеј, кој има пет милиони жители, е под блокада од 26 јуни, а ограничувањата беа планирани да бидат укинати во петок, но ќе останат на сила до 16 јули.
– Овој вид делта ја менува ситуацијата. Тој е крајно пренослив и заразен од кој било друг вид на вирус што сме го виделе досега – им рече на новинарите премиерот на оваа земја, Гледис Береџиклијан.
Вкупниот број на инфекции надмина 350 од откривањето на првиот случај во предградието Бонди пред три недели кај возач на лимузина кој превезувал екипаж на авион од странство.
Денес се потврдени 27 случаи на локално пренесување на вирусот, додека вчера имало 18.
Меѓу новите случаи има 20 лица кои веќе биле во изолација, а седум се движеле во заедницата додека биле заразни.

