Со дронови нападната американска воена база во Ирак

Сподели со своите пријатели

Напад на беспилотно летало насочено кон американска воена база бил извршен во вторникот на аеродромот во Ербил во северен Ирак, соопштија курдските безбедносни сили.

Сирените се огласиле во американскиот конзулат и во ирачки Курдистан, а летовите биле прекинати по нападот, пренесува Ројтерс.

Во соопштението на Пентагон се вели дека експлозиите што биле предизвикани за време на нападот со беспилотни летала не предизвикале структурни штети, како и дека никој да не е повреден или убиен.

Нападот се случи само еден ден по ракетниот напад врз воздушната база Аин ал-Асад, каде што се стационирани американските сили и американската амбасада во Багдад.

Во април беа извршени и напади врз базата Ербил со дронови со експлозив, а чести се и ракетните напади врз американските воени станици во Ирак и американската амбасада во Багдад.

За овие напади американската администрација ги обвинува шиитските проирански фракции кои дејствуваат во Ирак.

Leave a Reply