Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент 9.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и топло време. Ќе дува сосема слаб ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од 19 степени во утринските часови од максимални 35 во текот на денот.
Утре, како што прогнозираат од УХМР, времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер.
Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Никола Ивановски