Регистриран четврти случај на делта сој на коронавирусот во Македонија

Сподели со своите пријатели

Индискиот делта сој на коронавирусот е регистриран кај пациент од Велес со што ова е четврти случај регистриран во Македонија.

Според министерот за здравство Венко Филипче, пациентот е со лесна клиничка слика, но се чекаат резултати за уште четири лица.

– Четирите случаи за кои ги чекаме анализите се од Скопје и само еден од нив е во тешка состојба, приклучен на респираторна машина. Не станува збор за поврзани случаи, изјави Филипче.

Лицата, појасни тој, не биле вакцинирани.

Засега нема мерки за заштита од ширењето на делта сојот кој доведе до нови рестрикции во одредени земји, но како што потенцираше министерот Филипче, Комисијата за заразни болести до крајот на неделава ќе се изјасни на таа тема.

Никола Ивановски

Leave a Reply