Honda Civic во изданието Type-R е автомобил кој бара големо внимание зад воланот.
Оние малку постарите ќе ја паметат сцената од раните 90-ти, кога некои се преценија во Цивик и завршија обвиткани околу столб, најчесто со трагичен епилог. Денес, три децении подоцна, гледаме слична сцена.
Видеото е споделено на социјалните мрежи од Винсент Нието, и прикажува преполовен Civic Type-R во близина на ресторан за брза храна. Возачот и мајката објасниле што се случило.
Рене Гутиерез-Мартинез, мајката на сопственикот на автомобилот, откри дека автомобилот го управувал нејзиното момче Кевин Акоста, за време на несреќата. Тој го обвини постариот возач, кој наводно го удрил. Ова го турнало од патот, а потоа удрило во бандера.
Судејќи според снимката, Хонда беше буквално преполовена, а за среќа во несреќата немаше патници на задното седиште. Да не спомнувам дека епилогот ќе беше ужасен ако автомобилот удреше во столб во областа на влезната врата. Во несреќата сите учесници беа полесно повредени, вклучително и возачот, кој наводно ја предизвикал несреќата.