Германија од утре ќе ја укине забраната за патување од Велика Британија, Португалија, Русија, Индија и Непал.
Патниците кои од утре ги примиле двете дози на вакцина, нема да мораат да одат во карантин откако ќе влезат во Германија, додека оние кои не биле вакцинирани ќе треба да поминат во самоизолација до 10 дена, со можност да го скратат тој период доколку тестираат негативно на коронавирус на петтиот ден коронавирус.
Германските власти претходно ги назначија петте земји како области каде се шират различни видови на коронавирус, вклучувајќи делта и делта плус кои се откриени во Индија.
Иако забраната за влез во земјата не важеше за германските граѓани, тие мораа да поминат 14 дена во самоизолација.
Велика Британија, Португалија, Русија, Индија и Непал сега ќе бидат класифицирани во области со голема фреквенција на пренесување инфекција, објави германскиот институт Роберт Кох.
Одлуката за олеснување на ограничувањата за патниците кои заминуваат во Германија беше донесена неколку часа откако премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, потврди дека Лондон се очекува да ги укине сите епидемиолошки мерки на 19 јули.
Велика Британија се очекува да објави план за да можат вакцинираните Британци да се вратат од земји со среден ризик од инфекција со коронавирус, вклучувајќи голем број европски земји, без задолжителен карантин.

