Трагедија каква не се памети во Норвешка: Гром удри во три сестри, две загинаа

Сподели со своите пријатели

Норвешките власти објавија дека две сестри загинале, а третата е сериозно повредена кога ги погодил гром додека оделе по планината.

Сестрите Бенедикт (18) и Викторија (12) биле на популарна дестинација на планината Мелшорн кога се случила несреќата, пишува АП.

Градоначалникот Бернт Брандал го нарече ова „длабоко трагичен настан“ што никој не можеше да го предвиди бидејќи времето брзо се смени.

Норвешкиот радиодифузер НРК објави дека во таа област се регистрирани над 800 удари од гром во неделата попладне и навечер.

Leave a Reply