ЈАПОНИЈА: И натаму нема информации за 24 лица исчезнати во свлечиштето

Сподели со своите пријатели

Властите во крајбрежниот град Атами во централна Јапонија сè уште немаат вести за 24 лица, три дена откако свлечиште ја погоди областа.

Градоначалникот Сакае Саито рече дека луѓето, неколку десетици од нив, се јавиле да потврдат дека се живи, бидејќи општината објави список со 64 жители на Атама, за кои се сомнева дека исчезнале во одронот.

„Се јавија многу луѓе, но за 24 лица сè уште не се знае ништо“, рече Саито.

Во свлечиштето загинаа четири лица, а 1.100 членови на спасувачките екипи и денеска продолжија со потрагата по исчезнатите.

Се проценува дека се оштетени околу 130 куќи и згради.

Атами, кој се наоѓа на околу 90 километри југозападно од Токио, беше погоден од невреме со обилни врнежи од дожд.

Поголемиот дел од Јапонија во моментов е во средина на сезоната на дождови, што често предизвикува поплави и лизгање на земјиштето, што ги тера локалните власти да издадат наредби за евакуација.

Научниците веруваат дека сезоната на дождови е влошена од климатските промени затоа што потопла атмосфера задржува повеќе вода, зголемувајќи го ризикот и интензитетот на екстремни врнежи од дожд.

Leave a Reply