Пронајдена црната кутија: Ова се деталите од падот на филипинскиот авион

Сподели со своите пријатели

Властите на Филипини ја пронајдоа неоштетена црна кутија од авион на филипинските воздухопловни сили, кој се урна во неделата, при што загинаа повеќе од 50 лица, потврдија воените власти.

Пилотот кој командувал со леталото и имал повеќегодишно искуство со летање на Локид Ц-130 Херкулес, е меѓу загинатите во несреќата на островот оло, изјави за новинарите командантот на воените сили, генерал Сирилито Собејана, пренесува Ројтерс.

Тој рече дека црната кутија е пронајдена во понеделникот и дека истражителите треба да ги слушаат разговорите меѓу пилотите и екипажот водени пред падот на авионот.

– Разговарав со преживеаните. Пилотот ја промашил пистата, се обидел да ја врати контролата над леталото, но не успеал. Десното крило на авионот удрило во дрво – изјави филипинскиот воен офицер.

Собејана исто така рече дека никој не скокнал од авионот пред да се сруши. Претходно, некои сведоци изјавија дека некои од патниците се обиделе да скокнат пред авионот да се сруши на земја.

Тој изјавил дека при судирот бил отсечен предниот дел од авионот и дека некои од војниците го користеле тој отвор за да избегаат, но оние кои ја изгубиле свеста не успеале да излезат пред да избувне пожарот во авионот.

Транспортниот авион Локид Ц-130 Херкулес пренесуваше војници, од кои повеќето штотуку беа приклучени на армијата, во провинцијата Сулу во неделата на воена обука.

Филипинскиот министер за одбрана Делфин Лорензана потврди дека сите патници биле припадници на армијата кои служеле на аеродромот Лагиндинган, околу 460 километри северо-источно од местото на несреќата.

На летот имало 96 лица, меѓу кои тројца пилоти и пет члена на екипажот, а според податоците од понеделникот, бројот на загинатите во несреќата се искачи на 52, вклучувајќи и тројца цивили на земјата, откако двајцата од 49 војници повредени во несреќата потклекнаа до повреди, потврдено е од Министерството за одбрана.

Leave a Reply