Бурата Елса ја погоди Куба, се сели на Флорида

Сподели со своите пријатели

Тропската бура „Елса“ го погоди западниот дел на Куба, проследена со силен дожд и ветер, а синоптичарите најавија дека за неколку часа ќе се пресели во Флорида, а во среда кон централниот брег на Флориданскиот Залив.

Бурата се движеше главно низ руралните области источно од Хавана откако слета во близина на Сиена де Запата, парк со малку жители, јави АП.

До доцна попладне, ветерот што следеше по невремето забави до 85 километри на час.

Неговото јадро беше на околу 75 километри југоисточно од Хавана и се движеше на северозапад со 22 километри на час.

Повеќе од 180.000 луѓе беа евакуирани пред ударот во Куба.

Невремето може да се засили малку кога ќе се приближи до Флорида, објави Националниот центар за урагани во Мајами.

Гувернерот на Флорида, Рон Десантис прогласи вонредна состојба во 15 окрузи.

Два дена претходно, бурата ги зафати Доминиканската Република и Санта Луција, убивајќи три лица.

Leave a Reply