Најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, го напушти тронот на Амазон, една од најуспешните компании во светот, и тој се „пензионира“ со богатство скоро милион пати поголемо од просечниот Американец.
Џеф Безос се пензионира на 57-годишна возраст со 197 милијарди долари – 739.489 пати повеќе од просечното пензиско богатство на Американците.
Најбогатиот човек во светот секако останува извршен претседател и најголем акционер на компанијата.
Безос рече дека споменатиот датум е важен за него, затоа што тој го лансираше Амазон на 5 јули 1994 година.
Сепак, тема која во последниве денови беше од голема интерес за јавноста е со колку пари се повлекува Безос.
Имено, тој се повлекува од позицијата на 57-годишна возраст, со проценето богатство од 199 милијарди долари, според индексот на милијардери во Блумберг.
Минатата година тој доби плата од скоро 82.000 долари од Амазон, плус 1,6 милиони други поволности.
Неговото богатство е 729.489 пати поголемо од просечниот имот на американски државјанин на возраст под 65 години, што е просечна возраст за пензија во оваа држава.
Просечната нето вредност на Американците на оваа возраст е 266.400 американски долари.
На оваа разлика особено влијаеше минатата година, кога богатството на Безос се зголеми уште повеќе, бидејќи пандемијата ја зголеми продажбата преку интернет. Неговата вредност се зголеми за 75 милијарди долари во текот на 2020 година.
Интересна информација е дека Безос е побогат од целата британска монархија, која, според податоците, вреди 88 милиони долари.
Исто така, Безос заработува повеќе пари секоја секунда отколку што заработува просечен американски работник за една недела.
На местото на Безос ќе биде Енди Џеси, сегашен извршен директор на Амазон веб-услугите.
Безос сега планира да се посвети на проектот „Амазон студио“, стриминг, но и простор преку компанијата „Blue Origin“.
Исто така, милијардерот планира да му посвети повеќе време на дневниот весник „Вашингтон пост“.