Мадуро со ултиматум: Или ни дајте вакцини или вратете ги парите!

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро упати ултиматум до претставниците на механизмот Ковакс, кој е задолжен за дистрибуција на вакцини против коронавирусот, велејќи дека неговата земја платила за вакцините, но досега не добила ништо.

Loading...

„Системот Ковакс не успеа. Го исполнивме својот дел од обврската. Моравме да искористиме магија за да ги деблокираме замрзнатите средства.“

Претседателот на Венецуела рече дека неговата земја „ќе знае каде на друго место да купи вакцини“ доколку Ковакс ги врати парите.

Контроверзноста околу вакцините што Венецуела објави дека ги купила преку механизмот „Ковакс“ трае веќе неколку месеци.

Мадуро претходно изјави дека Соединетите Американски Држави блокирале десет милиони долари, последната исплата за Ковакс, поради американските санкции против Венецуела.

Венецуела има на располагање две коронавирус вакцини од февруари, рускиот Спутник V и вакцината од кинескиот производител Синофарм.

Од почетокот на епидемијата во таа земја, заразени се 275.000 лица, од кои 3.200 починале.

Leave a Reply