Телевизиската и реалити sвезда Кејти Прајс (43) носи титула „ветеран на козметичка хирургија“, а неодамна отиде во Турција на нови процедури за тоа којзнае колку пати.
Таа исто така го зеде својот тим на сниматели за да и го претстави своето искуство на публиката на ЈуТјуб, и тоа секогаш го прави затоа што сака да документира сè. Таа сподели со своите придружници дека, според неа, „изгледа како чудовиште“ по последните естетски процедури низ кои неодамна поминала.
View this post on Instagram
Овој пат Кејти замина во Турција на липосукција, кревање очи и усни, липосукција на подрачјето под брадата и вбризгување маснотии во задникот.
Ѕвездата денес, како што и самата признава, изгледа непрепознатливо и застрашувачко.
– Ова е пекол, беше гадно. Кога заврши сè мислев дека изгледам како чудовиште од хорор филм. Бев убедена дека ќе умрам или дека на крајот ќе изгледам како некоја гадна кукла. Се разбудив полна со дупки и конци по телото. Само сакам да се врати старата Кејти “, вели таа.
View this post on Instagram
Кејти постојано повторуваше дека повеќе не знае колку процедури имала. Само операции на гради имала „околу 12“, а таа вели дека ботоксот повеќе нема никакво влијание врз неа затоа што го користела толку често се додека не наполнила 30 години.