Голема експлозија во фабрика во Бангкок: Евакуирани сите што живеат во близина!

Сподели со своите пријатели

Силна експлозија се случи денес во фабриката за производство на пластични пелети и пена во североисточниот дел на Бангкок, главниот град на Тајланд, по што властите наредија евакуација на населението што живее во близина.

Loading...

Рано утрово, по експлозијата, избувнал пожар во оваа фабрика за пластични пелети и пена, која се наоѓа недалеку од аеродромот во Бангкок, пожарникарите сè уште се борат да го запрат пожарот, а властите наредија евакуација од страв да не се истурат илјадници литри експлозивни хемикалии, пренесува АП.

Експлозијата го потресе и терминалот на аеродромот Суварнабуми во Бангкок, но администрацијата на аеродромот потврди дека ниту еден лет нема да биде откажан.

Leave a Reply