Јужна Африка бележи рекордни броеви на новоинфицирани од коронавирусот, поради појавата на делта сојот, а најголемиот скок е забележан во главниот град Јоханесбург, соопштија здравствените власти.
Вчера биле заразени над 26.000 луѓе, што е најмногу од почетокот на епидемијата, објави Националниот институт за инфективни болести.
Повеќе од 13.800 пациенти со ковид во моментов се лекуваат во болници. Многу болници откажаа операции за да се ослободат кревети и здравствени работници.
Делта сојот коси низ Русија: Рекорден број новозаразани и починати
Повеќе од 63.000 луѓе починаа во земјата од почетокот на епидемијата, иако експертите наведуваат дека бројот може да биде поголем од 170.000.
Два милиони пријавени случаи во Јужна Африка сочинуваат 30 проценти од заразените ширум континентот.
Ограничувањата беа заострени повторно минатата недела со цел да се потисне новиот бран на инфекции.
Ноќниот полициски час е продолжен, децата не одат на училиште и патувањето на далечина е забрането.