За да ги зголемите страстите и да се поврзете подобро со вашиот партнер по сексот, следете ги овие совети.
Масирајте го вашиот партнер
Многу луѓе користат масажа за да дојдат до главниот чин што е можно поскоро, но исто така можете да постигнете силна интимност со масажа после секс. Тоа е можност за вашиот партнер да се чувствува посебно и сакано затоа што тој знае дека го правите тоа само за да му угодите.
Уживајте заедно во храната
Кој вели дека треба да јадете вечера облечени? Има нешто посебно кога храната се дели под постелнината и може да ја подигне вашата интимност на следно ниво.
Прочитајте некоја книга заедно
Се повеќе парови потврдуваат дека споделувањето книги и читањето во парови помага во зајакнување на врската. Исто така, имате заедничка тема за дискусија, а тоа помага во развој на интимноста во голем процент.
Вежбајте во парови
Студиите досега откриле дека паровите кои вежбаат заедно успеваат да ја одржат физичката подготвеност. Покрај тоа, партнерите кои вежбаат заедно имаат подобар сексуален живот.
Секс и капење
Покрај тоа што поминувате повеќе време со вашиот партнер, овие моменти ќе ви овозможат уште повеќе да се отворите и да се поврзете.
Бидете малку посмели јавете се на вашиот партнер во текот на денот и кажете му дека имате „жешки“ фантазии за него / неа. Опишете ги со многу секси детали. Исто така, вреди да се каже колку е секси тој или таа за вас.