Најголемата супер јахта во светот наскоро ќе стане реалност, која вклучува 39 апартмани по почетна цена од „скромни“ 11 милиони долари.
Со импресивни 728 стапки, супер јахтата со име „Сомнио“ треба да биде најголемата јахта во светот „и по должина и во обем“ од нејзиното лансирање во 2024 година, пренесува Си-Ен-Ен.
Супер јахтата „Сомнио“, што на латински значи „сон“, е дизајнирана од компаниите „Winc h Design“ и „Tillberg Design“ од Шведска, а треба да ја гради норвешкиот дизајнер и бродоградител ВАРД по цена од околу 600 милиони долари.
Гигантскиот брод ќе биде опремен со 39 апартмани на шест ката, како и ресторани и барови.
Сепак, постапката за купување е „само на покана или препорака“, а првичните цени на апартманите се повеќе од 11 милиони долари.
Портпарол на проектот за Си-Ен-Ен Травел потврди дека некои станови се веќе „разграбани“.
Беше најавено дека идентитетот на сопственикот ќе се чува во тајност, и дека секој од 39-те апартмани ќе содржи „специјални функции“ засновани на желбите на купувачот.
– Сомнио ќе биде единствената супер јахта за живеење во светот и е дизајнирана да ги почитува стандардите кои се сразмерни со животните можности – рече капетанот на јахтата, Ерик Бреде.