Во Норвешка е донесен нов закон, кој бара инфлуенсерите и огласувачите да нагласат кои фотографии објавени на социјалните мрежи се обработени или фотошопирани.
Со цел да се борат против лажните стандарди на убавина, норвешките законодавци одобрија нови регулативи според кои инфлуенсерите и сите оние кои рекламираат производи мора јасно да наведат кои фотографии се „правени“.
Сепак, законот сè уште не е стапен на сила, а кралот на Норвешка ќе одлучи дали и кога.
Имено, сите што рекламираат нешто и користат фотографии кои биле обработени на кој било начин, дури и да е филтер, ќе мора јасно да наведат дека фотографијата е обработена со стандардизирана етикета дизајнирана од норвешкото Министерство за деца и семејство .
Примери на обработени фотографии кои треба да бидат означени се оние што покажуваат зголемени усни, стеснет појас и зголемени мускули, но останува нејасно дали ќе биде потребно да се наведат фотографии каде се смениле светлината и сатурацијата.
Овој закон важи и за фотографии на инфлуенсери и познати личности, бидејќи тие заработуваат од објавите на социјалните мрежи. Секое кршење на законот се казнува со парични казни и, во екстремни случаи, со затвор.
Министерството заклучува дека овој закон може да биде тежок за спроведување, затоа што не е секогаш лесно да се заклучи дали фотографијата е обработена или не. Една од последиците на овој закон може да биде притисокот врз инфлуенсерите да започнат да се потпираат на естетската хирургија за „постигнување на идеалите за убавина“.
Сепак, според норвешката дневна лост Верденс Ганг, овој закон е позитивно прифатен од многу инфлуенсери во Норвешка, додека некои дури се залагаат овој закон да се применува на сите обработени фотографии.