Сериозни обвинувања за Бил Гејтс: Вработените тврдат дека викал и пцуел на состаноци, а некои од нив и ги следел

Сподели со своите пријатели

Бил Гејтс е обвинет за наводно насилство и сексуални афери со неговите вработени, што, како што тврдат оние што го прозиваат, трае многу години, но досега не се зборувало ниту пишувало.

Loading...

Четворица вработени во „Мајкрософт“ упатија сериозни обвинувања против неговиот основач и еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, опишувајќи го како насилник и канцелариски односно сексуален насилник.

Според „Инсајдер“, за ненадејната природа на Бил започнало да се зборува уште во 1975 година, кратко време откако тој го основал „Мајкрософт“ со неговиот пријател од детството Пол Ален, а портпаролот на милијардерот ги негирал сите обвинувања.

65-годишниот Бил првпат се појави на светските медиуми по веста за разводот со неговата долгогодишна сопруга Мелинда Гејтс, а потоа започнаа гласини за наводни вонбрачни врски и афери, но и поврзаност со осудениот педофил Џефри Епштајн.

 

 

Но, сега се јавиле поранешни и сегашни вработени, од кои некои сакале да останат анонимни, но тврдат дека тој секогаш викал на состаноците и дека бил познат по тоа што ги пцуел сите што работеле за него.

Loading...

Наводно, за некои од нив барал да бидат и следени, сеќавајќи се на нивните регистарски таблички на автомобилите.

„Тој навистина не знае да се шегува, ниту како да се поврзе со луѓе. Кога станува збор за социјални интеракции, тој е само несмасно човечко суштество”, изјави вработен во Мајкрософт за Инсајдер.

Поранешната членка на одборот Марија Клаве заклучи дека Бил Гејтс смета дека вообичаените правила на однесување за него не постојат и го обвини дека не сака да прифати предлози за поттикнување на различностите.

 

 

Таа додаде дека тој се однесувал како да мисли дека е најпаметната личност во собата и дека никогаш не бил подготвен да ги слуша другите.

Но, според странските медиуми, тој очигледно бил подготвен да ги покани своите колеги на романтични вечери и излегувања и честопати бил фатен со некои од нив.

Loading...

„Ако сте премногу засрамени од ова, преправете се дека тоа никогаш не се случило“, беше напишано во е-пошта испратена до The New York Times од еден од вработените што тој го прозиваат.

А, за неговото промискуитетно минато и однесување пишуваше и Џејмс Валас во биографијата „Hard Drive: Bill Gates and the Making of the Microsoft Empire“, во која се тврди дека Бил редовно посетувал стриптиз клубови во областа на Бостон додека студирал на Харвард и тоа еден од најозогласените Combat Zone, кој беше бил центар на проституција и порно светот.

 

 

Тој самиот призна дека често го посетувал местото во интервјуто дадено за Плејбој во 1994 година.

„Само затоа што бев таму не значи дека бев вклучен во сè што се случуваше таму“, заклучи тој.

Leave a Reply