Шведската актерка Алисија Аманда Викандер (32), која е најубавата жена на светот на списоците на многу списанија, живее далеку од центарот на вниманието, кога не снима филмови.
Нејзиниот беспрекорен стил и прекрасниот изглед ја прават икона на стилот, според магазинот „Еи“, кој ја прогласи за најубава жена на светот. Веднаш зад неа е Гал Гадот, следена од Адријана Лима, Блејк Лајвли и Ема Вотсон.
View this post on Instagram
Нашата публика ја познава од филмовите „Till det sä vr vackert“, „A Royal Affair“, „Light between oceans“, „The Danish girl“, но и од улогата на Лара Крофт, која ја наследи од Анџелина Џоли.
„Моите гради не се толку цврсти и зашилени и не стојат како со првата Лара“, се пошегува таа на прашањето за улогата на Лара Крофт: „Но, јас имав јасна визија за тоа како сакам да го играм овој лик. Како дете бев голем љубител на улогата и покрај тоа што бев многу исплашена поради тоа како би ја играла, ги научив сите движења и потези“.
View this post on Instagram
Таа е родена во Гетеборг и е во брак со актерот Мајкл Фасбендер од 2017 година. Добитник е на бројни награди за глума, но живее далеку од рефлектори и фотографи, не е активна на социјалните мрежи, немала естетски корекции и не објавува голи фотографии.
View this post on Instagram