Прототипот на летечкиот автомобил летал 35 минути помеѓу меѓународните аеродроми Нитра и Братислава во Словачка.
Хибриден автомобилски авион – AirCar (AirCar) е опремен со мотор БМВ (БМВ) и користи редовно гориво од бензински пумпи.
Неговиот творец – професорот Стефан Клајн, изјави дека може да лета околу 1.000 километри, на надморска височина од 2.500 метри и дека досега поминал 40 часа во воздухот.
Потребни му се две минути и 15 секунди да се трансформира од автомобил во авион.Тесните крилја се преклопуваат надолу по страните на автомобилот.
По слетувањето, професорот Клајн го возел директно од пистата кон градот, додека го набљудувале поканети новинари.
Тој го опиша искуството како „нормално“ и „многу пријатно“.
Додека крстарел на небото, возилото достигнало брзина од 170 километри на час.
Може да носи две лица со ограничена тежина од 200 килограми во комбинација.
Но, за разлика од прототиповите беспилотни летала, тој не може да полета и слетува вертикално, туку му треба писта.
Постојат големи очекувања на пазарот во појавата на летачки автомобили, кои веќе подолго време се најавуваат во популарната култура како визионерска карактеристика на иднината.
Во 2019 година, консултантската компанија Морган Стенли предвиде дека секторот може да вреди 1,5 трилиони долари (1,26 трилиони евра).
На индустриски настан во вторникот, извршниот директор на Hyundai Motors Europe, Мајкл Кол, го нарече концептот „дел од нашата иднина“.
Се смета дека е потенцијално решение за постојната оптовареност на сообраќајната инфраструктура.
„Голем пазар“
Компанијата што стои зад AirCar – Клајн Визија – вели дека биле потребни две години за да се развие прототипот и дека тој чинел инвестиции „помалку од два милиони евра“.
Советникот и инвеститор во Клајн Визија, Антон Рајац, рече дека ќе биде огромен успех доколку нивната компанија може да привлече мал процент на глобална продажба на такси и авиокомпании.
„Само во САД има околу 40.000 нарачки за авиони“, рече тој.
„И ако претвориме пет проценти од тоа, да го замениме авионот со летачки автомобил – имаме огромен пазар.
„Навистина кул“
Д-р Стивен Рајт, виш научен соработник на Универзитетот во Западна Англија во областа на авијацијата, го опиша AirCar како „дете наљ убовта на Бугати Вејрон и Цесна 172“.
Тој не сметал дека возилото ќе биде особено гласно и неекономично во однос на трошоците за гориво, во споредба со другите авиони.
„Морам да признаам дека ова навистина изгледа одлично – но имам сто прашања во врска со сертификацијата“, рече д-р Рајт.
„Секој може да направи авион, но финтата е да се направи еден што лета, и лета, и лета милион часови, со човек во него, и сè оди без инциденти“.
„Едвај чекам да ја видам хартијата на која пишува дека е безбедно да се лета и продава“, вели тој.