Кони Котен (24) и Херб Дикерсон (68) од Вирџинија се сретнале во прифатилиште за бездомници каде и двајцата волонтирале и се свршиле минатата година.
– Моето семејство беше во шок на почетокот и тие не ја одобруваа врската. Тие беа загрижени за мојата безбедност, но со време го прифатија затоа што видоа колку е среќен и дека можам да му верувам. Херб сега е дел од семејството – рече Кони.
View this post on Instagram
За четири месеци тие започнале да живеат заедно, а се свршија минатата година кога Кони славела 18 месеци откако не пие алкохол. Таа вели дека веднаш се почувствувала привлечена од Херб, а нивната врска се зацврстила бидејќи тие се поврзале преку борбата со опоравување од зависноста.
– И двајцата бевме на рехабилитација и тоа е всушност она што ме привлече кон него. Тој ме запроси минатата година додека славев 18 месеци од престанување на козумирање. За тоа обично освојуваш медал, но дојде со прстен. Кога се сретнавме, тој веднаш ме привлече. Почнав да флертувам со него, и тоа многу го изненади. Почнавме да поминуваме сè повеќе време заедно, а потоа работите започнаа прилично брзо – рече таа.
View this post on Instagram
– Отпрвин не знаев што да мислам. Необично беше да флертува со мене, на местото каде што работев. Не знам што ја привлече кон мене, но таа настапи прилично силно. Моето семејство рече дека таа е премногу млада, а некои велат дека сака само мои пари, но со текот на времето тие ја прифатија. Јас минатата година живеев со неа и нејзините родители за време на карантин, па тие успеаја да ме запознаат добро. Таа има сосема поинаква енергија од жените на моја возраст и е многу отворена – додаде Херб.
Кони, од друга страна, признава дека се грижи за иднината и колку време и останува со Херб, но таа е решена да го искористи тоа време на најдобар можен начин.
– Размислував за фактот дека Херб нема да биде овде колку што ќе бидам јас, но повеќе сакам да го поминам тоа време со него отколку да се откажам од врската. Има многу придобивки од излегувањето со постар човек. Сакам едноставен живот без игри и компликации. Јас само сакам да живеам среќен живот со моето семејство. Херб, пак, рече дека една од предностите на врската со помлада девојка е што сè уште имам желби и цели. Јас сум многу фокусиран на остварување на своите цели, а жените на негова возраст веќе воопшто не размислуваат за тоа – заклучи Кони.
View this post on Instagram