Кокаин вреден 200 милиони евра запленет во близина на Амстердам

Сподели со своите пријатели

Холандската полиција заплени скоро три тони кокаин и 11,3 милиони евра во готовина, кога упадна во фарма во близина на Амстердам, што е една од најголемите заплени на дрога, соопшти полицијата.

Кокаинот, чија проценета улична вредност е 195 милиони евра, бил скриен во блокови во зградата на околу 20 километри јужно од холандската престолнина и во возилата што ги пребарувале истражителите, пренесе АП.

Полицијата открила и шест пиштоли, придушувачи, муниција, како и луксузни предмети и машини за броење пари за време на рацијата извршена минатиот четврток, се вели во соопштението на полицијата во Амстердам.

Двајца мажи, на возраст од 54 и 29 години, биле уапсени под сомнение за вмешаност во трговија со дрога од големи размери.

Тие се појавиле пред истражниот судија и им била наредено да бидат притворени 14 дена, додека истрагата продолжува.

Холандија, со главното меѓународно пристаниште Ротердам, е клучен влез во Европа за дрога што главно се доставува од Јужна Америка.

Leave a Reply