Дознал дека го изневерува со пријателот, па ја оставил на генијален начин (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

За никого не е лесно кога ќе сфати дека саканата личност го изневерува. Повеќето плачат, викаат, паѓаат, се кршат во тој момент.

Неверстовот е удар што неописливо боли и го јаде срцето, а претпоставуваме дека е уште полошо кога, згора на сè, ќе сфатите дека вашата сакана ви забива нож во грб со вашиот пријател.

Но, за жал, и тоа се случува, и една таква неволја го снајде овој млад човек, чие видео од неговата последна разделба со неговата сакана на Фејсбук собра повеќе од 15 милиони прегледи, заедно со дополнителни шест на Јутуб!

Младиот маж ја претворил целата своја тага и гнев во креативно збогување и пристигнал во нејзиниот дом со изговор дека ѝ подготвил подарок. Тој исто така го поканил „пријателот“ да биде сведок на тој посебен момент, а од видеото се чини дека прељубниците навистина немаа идеја што ќе се случи потоа.

Завитка балон исполнет со конфети во голема кутија, а во балонот турна мала кутија врзана со панделка и стави парче хартија.

На средина биле испечатени пораки од апликацијата WhatsApp, преписка на прељубницата со „пријателот“ на нејзиното момче. На крајот, тој само им рече дека повеќе не сака да ги види и се добива впечаток дека од станот излегоа со солзи.

Видеото собра над четири илјади коментари на Фејсбук, а повеќето од нив му порачаа на младиот човек дека е џентлмен кој ја направил вистинската работа и кој заслужува далеку подобро во животот.

– Ова беше направено со многу достоинство. Честитки, навистина ми се допадна вашата реакција, ја заслужувате мојата почит – напиша еден од корисниците на популарната социјална мрежа.

 

https://youtu.be/ew8SCeGIO5k

Leave a Reply