Колку е ефикасен Спутник V: Пристигнаа резултатите од истражувањето од Емиратите!

Сподели со своите пријатели

Руската вакцина за коронавирус „Спутник V“ покажа ефикасност од 97,8 проценти во Обединетите Арапски Емирати, соопшти денеска рускиот фонд за директни инвестиции.

Loading...

– Ефикасноста на вакцината против вирусот корона во Обединетите Арапски Емирати на крајот од анализата на податоците на 81 000 лица вакцинирани со обете компоненти на препаратот беше 97,8 проценти, додека кај тешки форми на инфекција е 100 проценти ефективна – тоа се наведува во соопштението, пренесува Спутник.

 

 

Претходно, рускиот фонд за директни инвестиции објави дека производството на „Спутник V“ започна во Иран.

Руската вакцина се произведува и во Србија, Унгарија, Виетнам и други земји.

Leave a Reply