Измислил уред за брзо слабеење: Некои го нарекоа „уред за мачење“, дали би го носеле?

Сподели со своите пријатели

Овој уред треба да им помогне на оние кои треба брзо да ослабнат неколку килограми.

Loading...

Научниците смислија уред за слабеење – катанец за вилицата.

Тим научници од Универзитетот во Отаго во Нов Зеланд дизајнираа „DentalSlim Diet Control“, односно специјални магнети, кои имаат завртки, со цел да го спречат корисникот да јаде цврста храна.

Овој уред е поставен на едниот заб на горната и долната вилица на корисникот и не дозволува вилицата да се отвори повеќе од 2 милиметри. Оние кои го поставуваат овој уред на задниот дел од вилицата можат да дишат и зборуваат слободно, но не можат да стават цврста храна во устата.

 

 

– Испитаниците изгубиле во просек 6,3 килограми за две недели, а сите сакале да продолжат со диетата – се наведува во соопштението на Универзитетот.

Loading...

Сепак, иако професорот Брантон го фали неговото откритие, двете жени кои учествувале во испрашувањето велат дека има и негативни страни. Имено, тие велат дека не се чувствувале пријатно, и дека не можеле да зборуваат убаво, што им го влошило квалитетот на животот.

Универзитетот изјави дека овој уред за губење на тежината, прв во светот, ќе помогне во решавањето на глобалниот проблем со дебелина.

Сепак, корисниците на социјалните мрежи го нарекоа пронајдокот „уред за мачење“.

– Не би сакал да бидам ужасен, но ако некој почне да повраќа додека го носи ова, или ќе се удави или ќе го вдише. Да не зборуваме за лошата хигиена на забите. Не можете ниту убаво да ги миете забите, ниту да користите конец. Ова е навистина лоша идеја – напишал еден од корисниците.

 

 

– Мислев дека лекот ги надмина ваквите уреди за тортура – напишал друг.

Loading...

Тие веднаш реагираа од универзитетот и објаснија дека нивниот изум има повисока цел.

– Да појаснам, овој уред не се користи за брзо слабеење. Намената е да им помогне на луѓето кои треба да одат на операција, но не можат додека не ослабат. По две или три недели, магнетите се отстрануваат и целиот уред се отстранува, а потоа корисниците можат да бидат на помалку ограничувачка диета – според Универзитетот.

Дали некогаш би носеле вакво нешто?

Leave a Reply