Исклучително амбициозните планови на Кина за освојување на вселената оваа година почнаа да се претвораат во реалност.
Нивниот ровер стигна до Марс каде започна да снима и истражува, а како изгледа може да се види на видеото објавено минатата недела на кое се гледа неговото слетување на Црвената планета, како се движи околу неа, па дури и снима звуци од Марс.
Покрај испраќањето на ровер на Марс, Кина развива и своја вселенска станица, чии делови се веќе испратени во орбитата, а во моментов тројца астронаути престојуваат во својот прв модул.
По завршувањето на станицата, Кинезите ќе имаат место каде, како и на ISS, астронаутите ќе можат да престојуваат и да спроведуваат разни истражувања.
Но, роверот и станицата се само дел од големиот план за освојување на вселената што вклучува испраќање на човечки екипаж на Марс.
За вселенските услови, ова не изгледа толку далеку – во 2033 година, но е многу подоцна од плановите на Илон Маск, според кои првиот човек на Црвената планета би можел да зачекори за 3 години, што се чини невозможно дури и за основачот на SpaceX.
НАСА исто така има во план да испрати човечки екипаж на Марс, но тие се пореални од оние на Маск и веруваат дека тоа може да биде во текот на следната деценија.
Ванг Ксијаојун, од Кинеската академија за технологија за лансирање возила, овој месец за првпат зборуваше за плановите на Кина на вселенска конференција во Русија.
Првиот дел од овој комплексен план вклучува користење робот за истражување на Марс и неговата површина за да се најде идеално место за изградба на база на Марс.
После тоа, на сцената ќе влезат астронаути, кои би ги испратила кинеската вселенска агенција за работни акции на Црвената планета и тие треба да започнат со изградба на вселенска база.
За време на изградбата, Кина ќе испраќа нови мисии на Марс да носат товар, а годините во кои ги планираат овие мисии, вклучително и оние со екипаж, се – 2033, 2035, 2037, 2041 и 2043 година.
Враќањето на Марс и назад на Земјата ќе трае „Стотици дена“, рече Ксиаојун.
Ќе биде интересно да се види дали (и како) Американците кои сакаат да ја задржат доминацијата во вселенската трка реагираат на овие најави.
Во минатиот век тие ја водеа оваа трка со Русите, односно СССР, и ја добија таа трка испраќајќи луѓе на Месечината.
Сега, јасно е, нивните најголеми конкуренти во следната фаза на освојување на вселената ќе бидат Кинезите со кои ќе се борат за освојување на Црвената планета.