Поранешната српска манекенка Аника Божиќ ја нарекуваат арапска принцеза поради бракот со богат маж од Саудиска Арабија, Јусуф Ал Сарај, а сега откри што мисли за тој прекар.
View this post on Instagram
Аника Божиќ порано беше перспективна српска манекенка. Работела и како новинар, но станала најинтересна за јавноста кога се заљубила во богатиот Арап Јусуф Ал Сарај, со кого се омажила.
Во тоа време во медиумите го носеше прекарот арапска принцеза, а сега се осврна на тоа во ново интервју.
View this post on Instagram
„Некој новинар го користеше во смисла на метафора и веројатно беше интересно за луѓето. Значи, од сите работи што ги направив или не ги направив, најинтересно за медиумите е со кого се омажив”, изјави Аника за Српски свет.
Таа исто така раскажа како се запознале таа и нејзиниот сопруг и признала дека нивниот прв состанок не бил филмски.
View this post on Instagram
„Се запознавме преку заеднички пријател и на почетокот не бев воодушевена од него, и мислам дека тој не беше воодушевен од мене. Значи, тоа не беше љубов и заљубеност на прв поглед, туку подоцна преку дружење и пријателство ние всушност сфативме дека сме совршени еден за друг“, откри таа.
Денес, Аника живее на релација Каиро – Париз и со задоволство го посетува родниот Белград, каде е вистинска sвезда.
View this post on Instagram
На Инстаграм, каде ја следат над 120.000 луѓе, честопати се фали со луксузот во кој живее и сака да ги споделува своите фотографии во костуми за капење.
View this post on Instagram

