Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Максималните температури ќе се движат во интервал од 28 степени во Маврово до 39 во Гевгелија.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со мала облачност. Ќе дува сосема слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе изнесува 18 степени, а максималната во текот на денот се очекува да достигне 34 степени целзиусови.
Од утре повторно ќе има благ пораст на температурите и ќе нѐ очекува вистински пекол од работна недела.
Утре во околината на кумановско ќе имаме сончево и многу топло време. Утринската температура ќе изнесува 18 степени, а максимална дневна ќе се искачи до 36 степени целзиусови.
Уште потопло ќе биде во среда кога ќе имаме сончево време со мала облачност. Температурата во утринските часови ќе изнесува 18 степени, а максималната дневна ќе достигне високи 39 степени целзиусови.
Многу топло ќе биде и в четврток кога максималната дневна температура ќе биде само еден степен пониска и ќе изнесува високи 38 степени целзиусови.
Благ пад на температурата ќе имаме в петок. Времето ќе биде сончево со мала облачност, но посвежо. Температура во утринските часови ќе изнесува 16 степени, а максималната дневна 32.
За викенд топло, но не претерано
Првиот ден од викендот ќе биде најсвежо оваа недела, кога температурата ќе се спушти до 28 степени целзиусови.
Недела носи претежно сончево време со мала облачност и температури од 15 степени во утринските часови до максимални 30 во текот на денот.
Слично време ќе имаме и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски