Учениците нашле начин како да го пропуштат училиштето: Користат сок за да направат лажен позитивен тест за ковид

Сподели со своите пријатели

Учениците во Велика Британија, кои повремено треба да подлежат на брз тест за коронавирусот, за да можат да одат на училиште, нашле начин да ги фалсификуваат резултатите и да добијат позитивен резултат.

Loading...

Според медиумите, децата започнале да споделуваат видеа на социјалните мрежи во кои, со помош на џус и одредени газирани сокови, успеале да лажираат брз тест за „ковид“, што потоа дава позитивен резултат.

 

Наводно неколку капки сок или газиран сок можат да направат тестот да се „расипе“ и да даде позитивен резултат. Учениците сега масовно се обидуваат да го сторат ова за да пропуштат настава, па затоа наставниците ги предупредија родителите и апелираа да бидат внимателни.

– Уморни сте од одење на училиште? Сакате позитивен тест за ковид? Потребен ви е само малку сок од портокал – стои во описот на една од снимките што кружат на ТикТок.

Во исто време, властите испратија порака до студентите да имаат предвид дека позитивниот брз тест мора да биде потврден со PCR тест.

 

Loading...

Leave a Reply