Новата фризура може да биде прилично скапа, а трошоците за фризури, бои за коса и третмани за коса честопати се повисоки отколку што очекуваме.
Фризерка со седиште во Калифорнија ги шокираше социјалните мрежи кога откри дека за косата наплаќа 150 долари на час или околу 125 евра!
Според Мирор, видеото на @byprado_ стана вирално на TikTok кога покажа како изгледа трансформацијата на косата во нејзиниот салон и откри колку чини таа фризура.
За оваа фризура и биле потребни 13 часа, што значи дека клиентот на крај потрошил 1950 долари или скоро 1.632 евра.
„Не мислев дека моите објави за тоа колку наплатувам за фризури ќе ги налутат луѓето толку многу, но оваа ќе ве налути уште повеќе. Наплаќав 150 долари на час, а трансформацијата траеше 13 часа за два дена”, рече таа во нејзиното видео.
Нејзиното видео брзо собра повеќе од 1,4 милиони прегледи, а многу корисници беа шокирани од сумата што ја платила жената за да ја смени косата од кафеава во светло сина и да се потстрижи.
„Цената на час е прифатлива, но не е прифатливо колку време и требало да ја заврши косата“, коментира еден корисник.
„Не ми е гајле што ќе кажат другите, но 2.000 долари за фризура навистина не се исплатливи, особено ако истиот резултат може да се постигне за многу помалку пари“, се согласил другиот.
@byprado_#byprado #hairbyprado #extensionsbyprado

