Иако на речиси сите во нивните животи им се случиле разни коинциденции, некои од нив се толку неверојатни што далеку ја надминуваат можноста за научно објаснување.
Ова се 10-те најневеројатни совпаѓања што навистина се случиле:
Двоен погодок
Замислете да погодите две комбинации на Лото истовремено?
Малку е веројатно, нели? Па, токму тоа се случило на Морин Вилкокс во 1980 година, играјќи лотарија во Масачусетс и Род Ајленд.
За жал, таа ги погодила двете добитни комбинации, но на погрешни билети.

Човек кој ги преживеал и Хирошима и Нагасаки
На 6 август 1945 година, Цутому Јамагучи бил на службено патување во Хирошима каде што експлодирала атомска бомба на само три километри од него. Преживеал, но со изгореници, оштетени тапанчиња и други повреди.
Само три дена подоцна, на 9 август, тој се вратил во родниот град Нагасаки. Тој се нашол таму на два километра од експлозијата на нова атомска бомба, која исто така ја преживеал.

Пророкот на Титаник
Не многу познатиот писател Морган Робертсон напишал книга за несреќата на бродот „Титан“, 14 години пред трагедијата на Титаник.
Робертсон го опишал својот Титан како најголем трансатлантски брод и додал дека тој е „непотонлив“, што се описи карактеристични за Титаник.
Двата брода биле со иста должина, сопственост на британски компании и двата потонале откако удриле во санта мраз во Атлантикот. Сепак, авторот на книгата не погодил сè.
Тој напишал дека Титан удри во санта мраз на 1.000 километри од Њуфаундленд со брзина од 25 јазли, додека вистинскиот Титаник удрил во санта мраз на околу 1.000 километри од Њуфаундленд, но со брзина од 22,5 јазли.

Исто тело, ист живот
На двете близнаци, кои биле разделени при раѓање, им било дадено истото име – Џи.
Џи Луис и Џим Спрингер прв пат се сретнале и запознале по 39-та година од животот. Двајцата се венчале двапати.
Првата жена се викала Линда, а втората Бети. И двајцата имале син по име Џејмс Ален. И двајцата работеке како заменик-шерифи. Пиеле исто пиво, пушеле исти цигари и возеле ист модел на Шевролет.
Небесна провокација
Шансата да биде погоден од метеор е навистина мала, и тоа веројатно не му се случило на никој повеќе од еднаш, освен на Радивоје Лајиќ од Босна.
Тој наводно бил погоден од метеори неверојатни шест пати. Радивоје ги зачувал сите шест камења и за секој камен добил потврда дека не доаѓаат од Земјата.
Дури и PopSci му посвети статија на Радивоје со наслов – „Зошто вонземјаните го мразат Радивоје?“.

Судбонско пријателство
Девојка по име Лора Банкстон го напишала своето име на балон и го пуштила на небото. Го пронашла друга девојка по име Лора Бенсктон. И двете имале иста боја на очите и исти миленици: лабрадор, зајак и хрчак. Оттогаш се неразделни.
Совршени пропорции на универзумот
Сонцето е 400 пати поголемо од Месечината и е точно 400 пати подалеку од Земјата. Затоа, за време на затемнувањето, Сонцето и Месечината совршено се преклопуваат, што е неверојатна случајност.
Судбоносен судир
Сестрите Шила Вентворт и Дорис Џин Хол одлучиле да се посетат едни со други во ист ден. Тргнале по истиот пат, се судриле и починале. Возеле идентичен модел на џип.
Визијата на песникот на темнината
Едгар Алан По ја објавил книгата „Авантурите на Атур Гордон Пума“, во која опишува брод во неволја и на кој екипажот останува без храна.
Гладни и напуштени, тие одлучуваат да го изедат бродскиот „малечок од палуба“ на бродот по име Ричард Паркер. Но, 46 години подоцна, навистина се случила несреќа на бродот по која морнарите изеле извесен Ричард Паркер. И двајцата имале по 17 години.

