Канада: Во двор на црковен интернат пронајдени посмртни остатоци од над 750 деца

Сподели со своите пријатели

Домородна заедница од Канада објави дека пронашла стотици необележани гробници на местото на некогашниот интернат во црквата во провинцијата Саскачеван.

Суверената домородна федерација на првите нации (ФСИН) во регионот Ковеса соопшти дека откритието на гробовите е „најзначајно во Канада досега“.

Заедницата во Ковеса е една од неколкуте таканаречени Први нации, како што се нарекува домородното население во Канада, потомци на Инуитите и Мерисите.

Кадмус Делорм, раководител на домородната заедница во Ковеса, им изјави на новинарите дека остатоците на 751 дете се пронајдени во необележани гробници во задниот двор на интернат во регионот Саскачеван.

„Ова не е масовна гробница, ова се необележани гробници“, рече Делорм, пренесе Анадолија.

Според канадските официјални податоци, интернатот работел од 1899 до 1997 година во регионот Ковесис, околу 140 километри источно од главниот град на провинцијата Регина.

Откриени се нови гробници со скенери за површински радари лансирани во 139 училишта низ целата земја, откако биле пронајдени останки на 215 деца, некои на возраст од три години, закопани кон крајот на мај на местото на некогашното автохтоно училиште за деца во Камлоупс, Канада.

Националниот лидер на Канадското собрание на Првите нации Пери Белегард изјави дека веста за откривање на стотици неименувани гробници е трагична, но дека воопшто не е изненадување. Тој ги повика Канаѓаните да бидат со нив во овие исклучително тешки и емотивни моменти.

Училиштата главно ги воделе христијански цркви во име на државната влада, од 1840-тите до 90-тите години на минатиот век.

Првиот од црковните интернати, што е едно од најболните места во историјата на Канада, исто така е опишано како место каде биле злоупотребени голем број деца. Отворен е во раните 1880-ти, а последниот е затворен во 1996 година.

Во црковните интернати, каде повеќе од 150.000 локални деца биле присилно однесени од нивните семејства и сместени, повеќето од овие деца беа изложени на физичко, сексуално и психолошко насилство.

Канадската федерална влада официјално им се извини на жртвите во 2008 година за она што се случило во црковните пансиони, каде илјадници деца починале од глад, студ и медицински експерименти.

Leave a Reply