Клои Кардашијан и кошаркарот на Бостон, Тристан Томпсон повторно раскинаа, бидејќи папараците го фатија како излегува од соба во Лос Анџелес со три непознати девојки, што според многумина доведе до распад на врската.
Веста одекна во странските медиуми кратко откако Томпсон беше фотографиран од папараците како излегува од една соба во Лос Анџелес, со три непознати девојки. Се вели дека кошаркарот поминал половина час со овие три дами, по градска забава, додека бил со пријателите во еден бар непосредно пред забавата, а очевидци тврдат дека разменувал нежности со мистериозна жена.
Сето ова може да биде потенцијална причина за распадот на Томпсон и Клои, која неодамна му даде уште една шанса, за која се чини дека жали.
Да потсетиме, Тристан ја изневери Клои за време на нејзината бременост, поточно, тој беше виден со неколку непознати жени во интимно друштво. Потоа, во февруари 2019 година, тој беше фатен како се бакнува со Џордин Вудс, инаку најдобрата пријателка на сестрата на Клои, Кајли Џенер. Набргу потоа, тие раскинаа.
За време на пандемијата, Клои и Тристан го поминаа времето на изолација заедно со нивната ќерка, а Кардашијан тогаш верувала дека тој навистина се променил, што таа го истакна во јавноста двапати.