Скоро сите родители сакаат да ги воспитуваат своите деца најдобро што можат, а некои имаат список со приоритети за да ги направат успешни како возрасни личности.
Бил Марфи Јуниор затоа, долго време проучувал кои навики се најважни во овој случај, па за Inc.com ги наведе најкорисните, односно оние кои имаат смисла да се практикуваат ако сакате да воспитате успешно дете.

- Бидете пример за детето (но не и единствениот)
На децата им требаат одлични модели, но исто така треба да им се покаже како да се справат со неуспехот. Бидете искрени, отворени и транспарентни.
Дозволете им на децата да видат дека и вие понекогаш се наоѓате во тешки ситуации и научете ги да не се плашат или да се срамат од неуспех, особено ако дадат се од себе.
Пред неколку години, истражувачи од Технолошкиот институт во Масачусетс спровеле експерименти со деца на возраст под 15 месеци. Колку повеќе родителите им дозволувале да видат дека понекогаш се борат сами и не успеваат, децата станувале поотпорни.
„Родителите се под притисок да покажат дека сè е едноставно. Сепак, не е лошо да им покажете на децата дека работите напорно за да ги постигнете своите цели”, рекоа тогаш авторите на студијата.
Бидете сигурни дека сте пример за децата, но не и единствениот. Нека најдат повеќе – во реалниот живот и во литературата.

- Научете ги да ја сакаат природата
Децата мора да бидат на отворено. Истражувањата покажуваат дека децата кои поминале помалку време на отворено во раните фази на пандемијата од коронавирусот, доживеале значително негативен ефект врз емоционалната благосостојба.
Една студија покажува дека децата, особено момчињата, кои го поминуваат училишниот одмор на отворено, имаат подобра способност за читање во споредба со оние кои не го прават тоа.
Друга студија спроведена меѓу возрасни заклучува дека луѓето кои поминуваат во просек 20 минути дневно на отворено, се во подобра здравствена и психолошка состојба.
Навиката да се остане на отворено и да се почитува природата се влева во рана возраст и не чини скоро ништо, а има исклучително големи придобивки за детето.

- Научете ги да даваат предност на добрината
Луѓето кои се добри и го покажуваат тоа и се грижат за другите, најчесто имаат поголема веројатност да го постигнат она што го сакаат.
Психологот Адам Грант и неговата сопруга Алисон Свит Грант напишале книга за децата и љубезноста. Во својата статија за „Атлантик“ тие го презентираат фактот дека момчињата што наставниците во градинките ги сметаат за добри заработуваат 30 години подоцна.
Средношколците кои помагаат, соработуваат и споделуваат со своите врсници исто така се истакнуваат и добиваат подобри оценки и постигнуваат подобри резултати на тестовите.
И во преговорите со луѓето, гледаме дека има вистина во тоа. Ако развиеме емпатија и се грижиме за тоа што другите сакаат, како и за она што ние самите го сакаме, најверојатно ќе дојдеме до решение за наше заедничко задоволство.

- Фалете го детето на вистински начин
Марфи Јуниор дошол до заклучок дека родителите мора да ги пофалат напорите на детето, а не резултатите. На пример, тој сугерира дека наместо: „Знаев дека ќе се снајдеш добро на тој тест. Толку си паметен и природно знаеш математика”, ќе му кажете на вашето дете: “Јас сум многу горд на тебе. Видов како напорно учеше за тој тест“.
Вашата пофалба мора да биде автентична. Децата ќе знаат дека не заслужуваат пофалби за некои работи, но им треба за да знаат дека сте горди и мислите дека прават вистински работи.
Едно истражување спроведено на 300 деца открило дека децата во училиште имале полоши резултати и доживеале депресија кога нивните родители ги прецениле или потцениле, во споредба со децата на кои родителите им давале реални пофалби.
Тригодишно истражување на Универзитетот Бригам Јанг покажа дека нема волшебна количина на пофалби, но корисно е да се прави тоа што е можно почесто.

- Бидете таму за нив
Никој не сака да стане родител-хеликоптер, но за детето треба да бидете присутни и вклучени, додека им дозволувате да работат самостојно колку што можат.
Вие сте родител на вашето дете и мора да се однесувате вака: водете го детето, турнете го и покажете му дека секогаш ќе бидете таму.

