Четири лица во текот на изминатото деноноќие биле казнети во Куманово поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето.
Loading...
– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (23.06/24.06.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 9 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.
Од вкупниот број издадени прекршочни налози во Куманово има 4 и во Кратово 5.
За истите, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.
Никола Ивановски