Ракот може да го добиете само ако сте целосно искрени во однос на вашите чувства затоа што ги презираат врските што не водат никаде и бараат партнер со кој ќе поминат цел живот.
Тие се многу сензуални во кревет, а ова се 15 карактеристики на овој хороскопски знак.
- Тешко е да се измамат
Раковите природно имаат многу суптилна интуиција и многу ретко грешат кога мислат дека се на трагата на нешто.
Тие се многу претпазливи и забележуваат дури и најмали детали, па затоа криењето работи од нив не е добра идеја.
- Тие се многу сензуални
Верувале или не, и покрај нивната срамежлива личност, тие се многу страствени љубовници и можат целосно да се опуштат во сексот.
Ако се најдат со некој со кого се компатибилни во кревет, искри ќе летаат на сите страни.
- Тие се многу емотивни
Тие се најчувствителниот знак на Зодијакот и понекогаш им е тешко да ги контролираат своите емоции.
Нивната чувствителност е многу заводлива и покажува колку се искрени, особено во врските.
- Тие се заштитници
И покрај симпатичниот изглед, тие знаат да застанат за себе и никогаш нема да дозволат никој да ги згази нив или нивните пријатели. Тие ги обожаваат своите пријатели и би сториле сè за нив.
- Тие се полни со изненадувања
Тие имаат многу неочекувани квалитети како креативност и спонтаност, а покрај тоа се полни со љубов и грижа.
- Тие исто така имаат многу негативни карактеристики
Раковите можат да бидат многу песимистички и се едни од оние кои секогаш гледаат полупразна чаша. Тие исто така се склони на промени во расположението и за само неколку секунди можат да паднат од крајна еуфорија во длабока депресија.
- Врските можат да бидат стресни
Во врските, тие можат да го „задушуваат“ партнерот и мора да работат напорно за да не бидат нападни.
Тие повеќе би сакале да ја поминуваат секоја секунда од денот со партнери и ќе им биде тешко да и дадат простор на другата страна.
- Со кого се компатибилни во љубовта?
Најдобар избор за рак е Скорпијата. Тие се многу компатибилни и функционираат одлично во врската. Тие прават динамичен пар со кој не е паметно да се игра.
- Тие се многу несигурни
Тие се многу чувствителни и затоа знаат да им дозволат на другите да влијаат на нивното мислење. Потребна им е потврда од другите за да бидат среќни во врската.
- Тешко е да се излечи скршеното срце
Тие имаат чувствителни срца, со кои никој не треба да се игра. Кога некој си игра со нивните чувства, за него е многу тешко. Тешко е да станат повторно по раскинувањето и понекогаш им треба многу долго за да го сторат тоа.
- Влијание на Месечината
Нивната преосетливост и силни емоции може да се припишат на нивната владејачка планета Месечината. Тоа е планета на емоции и расположенија и силно влијае на Раковите.
- Нивниот елемент е вода
Водените знаци се интуитивни, чувствителни и сочувствителни.
- Како да ги заведете?
Ако сакате да го освоите срцето на Ракот, мора да им покажете колку сте искрени.
Тие бараат долги врски и ја мразат мислата да губат време со некого. Ако сакате да ги придобиете, навистина мора да бидете искрени во однос на вашите чувства кон нив.
- Тие внимателно ги избираат своите пријатели
Ако сте пријатели со Рак, честитки, затоа што треба да бидете посебен вид на личност за да ги придобиете. Раковите не им веруваат на нови луѓе и им треба време да се дружат.
- Што ги иритира?
Тие немаат време за лоши луѓе и се многу иритирани од невнимателни луѓе кои мислат само на себе.
Очекуваат многу од другите луѓе и затоа го мразат кога некој ги игнорира, пишува MSN.