Била во врска со маж 10 дена, па во неговата бања забележала нешто морничаво

Сподели со своите пријатели

Моли Ханкок (29) од Чикаго помина само 10 дена во врска со маж кога помислила дека тој е љубезен, интелигентен и пред се искрен.

Loading...

Моли го сретнала својот краткорочен партнер во бар, а тие се состанале следната вечер. Дури и тогаш, таа не забележала ништо што ќе и падне во очи следниот пат.

– Првиот пат кога бев со него, влегов во неговата бања само за да се измијам. Јас дури и не обрнав внимание на тоа што беше таму. Дури и не ме интересираше. После 10 дена, повторно бев во неговиот стан и сè изгледаше уште подобро и поубаво меѓу нас. Станав наутро и отидов во истата бања да се истуширам. Фала му на Бога за таа одлука – изјави Моли на социјалните мрежи.

 

 

 

Открила дека имало некои чудни предмети во бањата на нејзиниот партнер.

Loading...

– Прво забележав два женски парфеми, дезодоранси и патна торба во една фиока. Имав чувство дека морав да го проверам тој човек, нешто ми кажуваше дека можеби е во некоја друга врска. И јас бев во право. Јас бев негова „резервна варијанта“, тој бил во врска една и пол година, а таа девојка не била во градот кога се запознавме. Она што ме погоди беше што видов една вуду-кукла на аголот од бањата меѓу работите што не ги користи толку често. Тогаш видов вуду игли во висечкиот елемент покрај пената за бричење, како и три исклучително мали топчиња, скриени зад пената на полицата. Сфатив дека тое не се чисти работи – рече Моли.

 

 

Таа не се ни истуширала, веднаш отишла да си ги земе работите.

– Тој беше во кујната, му реков дека си одам дома, дека ме боли стомакот. Ми се јавуваше со денови после, јас не одговорив. Една недела подоцна, го видов во градот на релаксирана прошетка низ центарот со една девојка, веројатно таа „трајната“. Тие се однесуваа како да се заедно 10 години. Му пријдов и се простив од нив. Ја прашав таа девојка дали нејзиниот сиво-розев комплет е во неговата бања, како и вуду куклата. Го погледна со убиствен поглед. Тогаш само заминав. Мислам дека ја направив вистинската работа, жена мора да заштити жена – изјави Моли Хенкок на „ТикТок“.

Leave a Reply