Корисникот @Jiteshpillaai неодамна сподели навидум едноставна загатка на Твитер, но многу корисници брзо се уверија дека, барем во овој случај, работите не се како што изгледаат на прв поглед…
На објавената фотографија, рачно е нацртан триаголник преку кој се повлечени неколку прави линии, правејќи неколку помали триаголници, но точниот одговор, за кој тие беа сигурни дека го знаат, изненади многумина…
Овде, како што мислеа повеќето, не е доволно да се бројат малите триаголници во големиот триаголник, пренесува Попшугар.
Say? pic.twitter.com/lrhXrWw5EP
— J (@jiteshpillaai) April 9, 2018
Овој твит брзо стана вирален со повеќе од 700 одговори понудени во коментарите, и на прашањето Колку триаголници има на сликата? корисниците дадоа различни одговори, од 4 до 45.
Кој е точниот одговор?
– Иако бев убеден дека одговорот е девет, точниот одговор е 18! – пишува @jiteshpillaai, а за сите кои се прашуваат како, тој објави и објаснување…
Дали и вие добивте број 18?
And answer is 18 pic.twitter.com/at2AYLXdsG
— Proud Indian ?? (@onlyproudindian) April 9, 2018