НАЈТАЖНАТА СЦЕНА: На момче никој не му дошол на роденден, се играше сам додека мајку му го снимаше (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мајка од САД организирала роденденска забава за својот шестгодишен син во локалниот парк, но никој од поканетите не се појавил.

Loading...

Бидејќи биле укинати ограничувањата наметнати поради коронавирусот, таа поканила 22 лица на прославата. Таа исто така го организирала настанот на отворено за да ги направи сите уште побезбедни.

Таа ја сподели приказната на платформата „ТикТок“ и изрази колку и е жал за нејзиниот син.

„Јадното мое малечко“, рече таа откако покажа како имале средено и подготвено сè во паркот.

Тие поставиле роденденски украси и реквизити, а на трпезата имаше многу колачи. Додека го снимаше видеото, нејзиниот син играше сам.

– Јас сум толку вознемирена за него. Заслужува подобро, тој е неверојатен, рече неговата мајка.

Нејзиното видео стана вирално и го погледнаа повеќе од милион корисници на апликациите.

Многумина во коментарите испраќале пораки и честитки до нејзиниот син, пренесува Мирор.

Loading...

– Моето срце е скршено. Имам прашање, за што е заинтересиран во моментов? Каде можам да му испратам подароци? Јас сум сериозен, напиша еден корисник.

– Обично не покажувам емоции или се нервирам, но кога луѓето не доаѓаат на детски забави, тоа ме расплакува, напиша друг корисник на ТикТок.

 

@dawners86heart broken. #heartbroken #sosad #hurt #wow #lonely #poorguy #sadboy #birthday #happybirthday #omg #cry

♬ SAD – Instrumental – Nhím Stone

Leave a Reply