Во оваа земја, вашиот мобилен телефон ќе биде исклучен ако не се вакцинирате!

Сподели со своите пријатели

Во борбата против короната, пакистанските власти отидоа чекор понапред. Така, владата им се закани на своите граѓани дека ќе ги исклучат услугите за мобилна телефонија на сите оние кои не се вакцинираат.

Loading...

Во пакистанската провинција со најголемо население во Пенџаб, се одржал состанок на здравствените власти, со кој претседаваше министерот за здравство, Јасмин Рашид, на кој било заклучено дека вакцинацијата мора да се забрза.

 

 

 

Првичниот план на државата било да се вакцинираат повеќето од 67 милиони жители на Пенџаб до крајот на годината. Сепак, планот не успеал и владата успеа да вакцинира само 52.000 луѓе на ден.

Причината за ова може да биде слабата информација на Пакистанците за важноста на вакцинацијата или загриженоста за можните несакани ефекти на вакцините.

Loading...

Така, како што напишавме на почетокот на текстот, владата отиде чекор подалеку и се закани дека ќе им ги одземе мобилните телефони на сите оние кои не се вакцинираат, односно дека ќе им ги исклучат услугите за мобилна телефонија.

 

 

Повеќето Пакистанци имаат пристап до Интернет првенствено преку мобилен бидејќи не поседуваат лаптопи или компјутери, што значи дека многумина ќе завршат во еден вид изолација на информациите.

Пакистанските телекомуникациски компании чекаат наредба од пакистанската регулаторна агенција за прекинување на врската со голем број СИМ-картички, но тие најавуваат дека нема да преземат ништо додека не се донесе закон на национална основа што ќе ги исклучи мобилните услуги за оние кои не сакаат да се вакцинираат.

 

Loading...

Leave a Reply