Тројца кумановци вчеравечер физички се пресметувале со група други лица од кои едно од Скопје, а во тепачката биле користени и тврди предмети.
Loading...
– На 21.06.2021 во 23.55 часот било пријавено дека на бул.„Партизански oдреди“, во близина на мост „Влајко“, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со вербална расправија која прераснала во физичка пресметка помеѓу С.М.(26), Д.П.(25) и Б.А.(31), сите од Куманово, од една страна и Л.Н.(26) од Скопје и уште неколку лица, од друга страна, во која биле користени и тврди предмети, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Никола Ивановски